Државна Изборна Комисија
Систем за поднесување на приговори за предстојните Парламентарни избори



МИСИЈА И ВИЗИЈА НА ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

САМО ИЗБОРИ КОИ ИМААТ КРЕДИБИЛИТЕТ И ГИ ПОЧИТУВААТ ПРИНЦИПИТЕ НА ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА ДЕМОКРАТСКИ РАЗВОЈ НА ОПШТЕСТВОТО

Државната изборна комисија со успешно спроведување на изборите го поставува фундаментот на демократијата и придонесуваме за зголемена доверба во изборниот систем на Република Македонија.

ДИК вложува континуирани напори да претставува пример и да ја одржува својата репутација за независност, непристрасност, одговорност и професионалност во работењето. ДИК e подготвен да организира и спроведува избори и референдум кои ќе бидат во согласност со универзалните демократски норми секогаш кога тоа ќе биде потребно. Притоа се определивме да го следиме принципот на изборен циклус и во исто време работиме на зголемување на организациските капацитети и вештини на изборната администрација се со цел да се зголеми ефикасноста и ефективноста на нашето работење. Овој стратешки план е резултат на заедничките напори и долготраен процес на консултации со стручната служба и сите останати изборни органи, вклучувајќи ги и сугестиите од повеќе домашни и меѓународни институции како и препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Вистински предизвик претставува процесот на спроведување на стратешките цели и определби и тој процес вклучува и блиска соработка со другите надлежни државни органи. Со ова Дик повикува на посветеност и соработка со сите чинители, државните органи, политичките партии, претставниците на граѓанското општество и сите граѓани на Република Македонија. Притоа сме отворени за сите сугестии и помош од сите добронамерни домашни и меѓународни организации. Во оваа прилика како членови на ДИК сакаме да се заблагодариме на сите кои помогнаа за изработка на Стратешкиот план, сите кои континуирано ја помагаат работата на ДИК како и на оние кои напорно и посветено ќе работат на спроведување на планираните активности.

  • МИСИЈА - Наша мисија е да подготвуваме, организираме и спроведуваме избори според стандарди и процедури кои обезбедуваат рамноправни услови за сите учесници во изборите и општо, еднакво , слободно и тајно право на глас за секој гласач.
  • ВИЗИЈА - Граѓаните и понатаму да имаат доверба во ДИК како пример за ефикасно и ефективно раководење со изборен циклус и непристрасност при одлучувањето со тенденција да се зголеми.

Функционалности на апликацијата

Во прилог се наведени функционалностите кои можат да ги извршат партиите учесници на тековните избори

Поденсување на приговори од лица

Приговор може да се поднесе од страна на секој избирач на кого му е повредено личното избирачко право во постапката на спроведување на гласањето пропишани во член 149 од Изборниот Законик и секој избирач на кого му е повредено лично избирачкото право во секоја фаза од изборниот процес пропишани во член 149-а од Изборниот законик. Преку оваа апликација може да подесете приговор за остварување на избирачкото право на денот на гласање како и за време на изборната кампања.

Поднесување на приговори од политички партии и носители

Политичките партии и носителите на листи можат да поднесат приговор за време на изборна кампања, при изборниот процес

Начин на поднесување на приговори

Гласачите во Република Северна Македонија приговорите ги поднесуваат лично во општинската изборна комисија, до архивата на ДИК, по брза пошта или преку електронската апликација за приговори.

Подготовка на извештаи

Функционалност за креирање на различни извештаи врз потреба на барањата на ДИК, медиумите, политичките партии, невладини и меѓународни организации итн.

Рокови за постапување по приговорите

Првостепениот орган е должен да донесе одлука во рок од 4 часа по приемот на приговорот.

Упатства за внес на податоци

Во прилог може да ги прочитате кратките упатства кои ќе Ви помогнат при внесот на податоците за кандидатските листи и политичките партии

  • Најавата во системот за внес на податоци за кандидатски листи и партии се изведува преку користење на претходно доделени корисничко име и лозинка од страна на правната служба при ДИК. Најавата се изведува преку следниот линк.

  • Пред да се започне со внесот на кандидатските листи за пратеници или советници, најпрво е потребно да се внесат сите политички партии или коалици кои ги има една партија по изборна единица каде учествува на тековните избори.

  • Внесувањето на кандидати и нивниот редослед во изборната единица се изврува преку претходно одбирање на внесената политичка партија или коалиција во соодтветната изборна единица.